Тажната животна приказна на натпреварувачката од „Никад није касно“: Го родив синот со три тумори на матката

Добивај вести на Viber

Фото: Printscreen YouTube/ Nikad nije kasno

Ветеранката изјави дека по породувањето морала да оди на операција

Голем број кандидати на ветеранскиот музички натпревар „Никад није касно“ кријат тажна животна приказна. Иако со својот глас ги радуваат сите околу себе, многу од нив се соочиле со бројни несреќи кои имале големи последици.

Кандидатката Ирена Милетиќ го доживеала првиот голем шок кога за време на бременоста дознала дека има три тумори на матката.

- Го родив синот со три тумори на матката, прво го родив, па чекав околу шест месеци и потоа бев оперирана. Фала Богу се заврши добро и еве ме сега – почна таа и откри кој ѝ бил поддршка во најтешката борба во животот:

- Моите родители беа мојата најголема поддршка, но мајка ми најмногу. Таа ми беше поддршка за сè, и за бременоста и за пеењето. Сето тоа го истуркав со семејството.

Но, од друга страна, кога е кариерата во прашање, таа никогаш немала поддршка, бидејќи родителите не одобрувале да се занимава со музика.

- Никогаш немав голема поддршка од нив, но и не ме сопреа. Имаа став, ако сакаш работи, ама не ни се допаѓа. На пример, брат ми беше некако најголем противник, но секогаш се зафркаваше. Но, некако, кога и да почнував, нешто ме враќаше, прво болеста, па разводот, и на крајот смртта на мајка ми - изјави кандидатката на „Никад није касно“ за „Гранд“.

Извор: 24sedam.rs