Тијана Дапчевиќ повторно успеа да го насмее Балканот: „Вака пеат моите две преостанати здрави нервни клетки“
Единствената Тијана Дапчевиќ повторно успеа да ги насмее сите.
Пејачката на социјалната мрежа Инстаграм објави видео на кое таа пее, како што напиша „со двете преостанати здрави нервни клетки во нејзиниот мозок во текот на декември“.
Имено, таа пее дел од познатата српска песна „Џурџевдан“, но на нејзин хумористичен начин. Според она и како изгледа пејачката, со коса на сите страни и по пењоар во домашна атмосфера, очигледно сакала да ги расположи своите следбеници, пријатели и фанови.
„Вака пеат моите две преостанати здрави нервни клетки во мојот мозок во текот на декември“, напиша Тијана до видеото кое за помалку од 24 часа собра има над 65.000 прегледи, илјадници лајкови и безброј коментари.
Р.Ж.М.
Фото: Youtube - screenhsoot
Видео: Инстаграм