Тимот е најважен, но вистинскиот херој е младата пациентка: Проф. Самарџиски и д-р. Трајановски за првата трансплантација на коска од починат дарител
Само десеттина дена по првата експлантацијата на коскените ткива од починат дарител, на Клиниката за ортопедски болести беше направена првата трансплантација, првата комплексна операција на замена на малигно променето коскено ткиво со здраво ткиво, кај млада пациентка која се лекува од малиген тумор на коска. Тимот го предводеа професор д-р Милан Самарџиски, како и директорот на Клиниката ТОАРИЛУЦ, д-р. Александар Трајановски. Во разговор за Фактор и двајцата потенцираат дека за еден ваков зафат, тимот е најважното нешто, бидејќи во медицината не постои „јас“, но вистинскиот херој сепак е младата 19-годишна девојка на која и претсои и дополнителна борба во рехабилитацијата.
-Имаме млада пациентка со малигнен тумор која што била лекувана на онкологија, тимот на нашите колеги од Клиниката за онкологија, 5-6 месеци го лекувале туморот со хемотерапија и се бореле практично со пациентот меѓу живот и смрт, да го убијат туморот, а да преживее пациентот. И кога е завршена таа борба, ни дадоа нам, на ортопедите и на другите хирурзите можност да го отстраниме тој огромен коскен тумор, кој по сите тие третмани на онкологија стана операбилен. Кога ќе се извади таков тумор, коската станува дефектна, има дефект на мускулите, на зглобовите и.т.н.
Целата приказна читајте ја на Фактор портал, тука.