Актуелно // Жолта минута
„ТОА Е НАЈГОЛЕМИОТ БЛАГОСЛОВ ОД БОГ“: Цеца јавно ѝ се обрати на Драгана Мирковиќ
- 21 Мај, 2025 21:37

Музичката ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ пристигна на снимањето на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“.
Цеца Ражнатовиќ по тој повод јавно ѝ честиташе на Драгана Мирковиќ што ќе стана баба.
- Од срце ѝ честитам. Однапред ѝ кажувам дека ова е најголемиот благослов од Бога во животот. Едно внуче се сака најмногу на светот и тоа е најубавото чувство – изјави Цеца за „ПулсОнлајн“.
Да потсетиме, снаата на Драгана Мирковиќ, Мелани Димитријевиќ е во блажена состојба и наскоро ќе ѝ подари внук.
Марко Бијелиќ веќе некое време е во среќна врска со атрактивна русокоса која е многу популарна на социјалните мрежи.