Тој беше бестрашен Тарзан, а таа бескраен верник во Бог: Трагично загинаа Џо Лара и неговата сопруга со која отворено зборуваа за љубовта

Добивај вести на Viber

Тажна вест викендов одекна ширум планетата.

Светот го потресе информацијата дека во стравична авионска несреќа загинал прославениот „Тарзан и неговата сопруга.

Актерот Џо Лара настрада при падот на приватен авион а да биде трагедијата поголема, заедно со него биле и неговата сопруга Гвен и уште пет други лица.


Официјалните информации велат дека авионот се урнал во езерото во близина на Нешвил во саботата, кратко време по полетувањето од „Смирна“, аеродромот во близина на „Палм Бич“ во Фолида.

Спасувачките екипи уште трагаат и по телата.

Лара е родена во Сан Диего, Калифорнија, а се прослави во филмот „Тарзан“. Неговата сопруга Гвен основала своја црква и напиша книга за слабеење заснована на верата.

View this post on Instagram

A post shared by Gwen Shamblin Lara (@gwenshamblinlara)

Џо и Гвен имаа заеднички канал на Јутјуб, кој се засноваше на принципот на реално шоу, а главните учесници беа само тие двајца.

Тие го снимаа нивниот секојдневен живот и отворено зборуваа за нивната врска и љубов.


Фото: Printscreen Instagram