Актуелно // Insta вести
Толку многу љубов и среќа на едно место: Леонтина, Михаил, Теодор и Ведран, слатката четворка од Штип со новогодишна фотосесија

Една година со смешки и плачки, но срцата полни со љубов и среќа во семејството Зикови од Штип, откако мама Благица на свет ги донесе четворките, Леонтина и нејзините браќа Михаил, Теодор и Ведран.
Овие мали, но големи херои кои се родија предвреме во октомври го прославија нивниот прв роденден, па сега со мама и тато направија новогодишна фотосесија.
Преслатки фотографии со Дедо Мраз, облечени во исти блуз со новогодишен мотив. Очигледно за некој ова снимање било интересно, а некој се одлучил дека на овие фотографии треба да плаче.
Убав спомен за семејството Зикови, но и за Леонтина, Михаил, Теодор и Ведран кои кога ќе пораснат со насмевка ќе се сеќаваат на овој момент.
Фото: ФејсбукРЖМ