ТОПЛОТЕН БРАН ДО КРАЈ НА АВГУСТ: Еве какво време не очекува

Според она што можам моментално да го кажам и изјавам за јавноста е тоа дека барем според моменталните излези на најажурните прогностички модели (Европскиот модел ECMWF и Глобалниот модел GFS) во најголемиот дел од август месец продолжуваат топлотните бранови, односно, постојано ќе бидеме под влијание на топол воздух од југ, односно од Африка, и тоа најмалку до 20 август, а топлиот бран ќе продолжи најверојатно до околу 25 август, по што следува големо освежување на времето како и голем пад на температурите на воздухот, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Што се однесува до времето, ќе биде претежно стабилно, суво и сончево во остатокот од овој месец, меѓутоа, повремено ќе има локален развој на краткотрајна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Барем според моменталните анализи, некои озбилни врнежи не треба да очекуваме и во остатокот од овој месец. Температурите во остатокот од месецов остануваат многу високи, па така тие речиси насекаде ќе надминуваат 30 степени, а на повеќе места тие ќе се искачуваат до околу па и над 35 степени.
Во Повардарието температурите и понатаму ќе се искачуваат до околу 40 степени.
ФОТО: Вангел Тануровски