Три фази на месечен циклус кај секоја жена: Секоја фаза е различна и носи поинакви симптоми

Месечен циклус е перод кој и е добро познат на секоја жена. Иако периодот на траење на месечев циклус е индивидуален, универзалната временска рамка во траењето на месечевиот циклус. Во просек тој трае 28 дена, а се состои од три етапи.
Во првата етапа од месечевиот циклус, која трае приближно околу 10 дена, во женското тело најмногу се лачи естроген. Естрогенот е заслужен за „нежен“ изглед кај жената и во оваа фаза телото на жената е во рамнотежа. Затоа во првичните денови од циклусот жените се чувствуваат поспокојни, а можно е да се соочат и со недостаток на енергија. Целта на естрогенот е да го смири женското тело и во таква состојба на мирување да го подготви за следната фаза во која настапува овулацијата.
Во втората фаза, најизразен хормон во женското тело е тестостерон кој е одговорен за зголеменото чувство на полетност и наплив на енергија. Во ова фаза, жените може да се поактивни, но и пораздразливи, особено во деновите околу овулирањето.
Третата и последна фаза пред „добивање менструација“ е одбележана со доминантно присуство на прогестеронот. Во ова фаза, жените може да се чувствуваат пораздразливи и понервозни и затоа се верува дека во овие денови жените може да имаат неконтролирани реакции и повеќе да избувнуваат.
Сепак, важно е да се разбере дека процесот низ кој поминува женското тело во период на месечев циклус, секој месец е комплексен и женското тело е „борба со хормоните“, затоа е важно да се разбере жената и да и се пружи што е можно поголема поддршка во овие и за неа тешки денови.
Извор: freepik.com