Три петки во датумот: Ако денеска не го направите ОВА ќе имате последици

Денеска имаме три петки во датумот. Во ознаката за ден, месец и година присутен е бројот пет. Според верувањата на античките народи бројот пет симболизира големи промени и луѓето треба психолошки да се подготват на големи пресвти.
Нумеролошките верувања покажуваат дека денеска може да сведочите на големи промени кај ваши блиски луѓе, но и да донесете голем број на драстични одлуки од животно значење. Денеска е идеален ден да го запознаете вашиот иден партнер, да почнете нов бизнис или едноставно да донесете одлики кои ќе ви го променат животот.
Ако денеска се соочите со некоја промена, прв работен ден или прв состанок важно е да имате на ум неколку работи:
- Бидете јасни
Јасното изразување на вашите желби и потреби може да ви донесе многу благодети. Доколку калкулирате или криете важен момент од вашите размислување и планирања од соработниците или идниот партнер, тоа може негативно да се рефлектира во иднина. Затоа поставете си јасни цели и граници, а потоа и гласно изразете ги. Нема од што да се плашите!
- Зборувајте ја вистината
Доколку имате некои нејаснотии важно е да ги расчистите сите дилеми пред да го започнете новото поглавје во вашиот живот. Затоа вистината е најдоброто оружје. Доколку ја говорите вистината нема што да изгубите, а што е најважно имате сопствен мир!
- Одлучност пред сѐ
Ако нешто изберете, бидете сигурни во себе и својот избор. Затоа доколку сте донеле одлука, не се колебајте. Застанете зад своите одлуки храбро, еден ден тоа ќе ви се исплати!
Бројот 5 симболизира промена, пари, но и исполнување на намерите. Денес е идеален момент да поставите јасна, позитивна намера, да направите некое добро дело и да се ослободите од негативноста. Простете им на оние кои ве повредиле, но побарајте прошка од оние кои можеби сте ги повредиле. Кога ќе се ослободите од она што ви тежи на срцето, умот и животот, правите простор за нешто ново и подобро.
Пет, исто така, претставува рамнотежа. Исчистете го умот и срцето, исчистете го домот и односите - ослободете се од сѐ што е токсично и непотребно. Изберете прегратки наместо груби зборови, помирување наместо гнев и искрена пофалба наместо завист.
Извор: sensa.story.hr / фото: Unsplash.com