Три вида коронавирус се шират низ светот: Тип А е најлесниот, тип Ц е најопасен

Добивај вести на Viber

 ФОТО: ПРОФИМЕДИЈА

Новата мала студија открива дека коронавирусот досега мутирал во 30 различни типа.

Тим истражувачи од универзитет во Кина велат дека најопасните мутации,  се пријавени во Кина, а мутации слични на нив се шират низ цела Европа, пренесува South China Morning Post. Слаби секвенци на овој вирус, велат тие, се пријавени во Америка.

Според научниците, тип А, е оригиналниот вирус. Тип А е далеку доминантен во Австралија и Америка. Две третини од тестираните Американци имаат вирус тип А. Д-р Питер Форстер вели дека вирусите од типот Б се вообичаени во Англија и дека три четвртини од тестираните пациенти го имаат токму тој вид вирус. Во Швајцарија, Германија, Франција, Белгија и Холандија доминираат вируси од типот Б.

Тип Ц еволуираше од Тип Б и дојде во Европа преку Сингапур, велат научниците. Тип Ц ја погоди и Италија.

Научниците веруваат дека вирусот САРС-КоВ-2 постојано мутира за да се прилагоди на различните имунолошки системи. Она што досега го заклучија е дека Америка е погодена од најслабиот вид вирус, додека пак потешкиот и смртоносен ја погоди Европа.