Турскиот актер ја пронајде среќата по разводот од убавата Туба: Со новата сопруга станаа родители на преслатко синче (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Популарниот турски актер се разведе од својата колешка и отвори нова љубовна страница.

Турскиот актер и режисер Онур Сајлак, по распадот на бракот со убавицата Туба Бујукстун, sвездата на серијата „Аси“, ја пронајде среќата со Гозда Јилмаз, со која пред само неколку месеци доби бебе.

View this post on Instagram

A post shared by @gozdeyilmaz


Во декември се појави веста дека турскиот актер има син, кој го доби името Дениз Али. Тој се ожени со убавата Гозда и се чини дека нивната врска е навистина идилична, додека за претходната врска не би се кажало истото.


Онур Сајлак имаше бурна врска со Туба Бујукстун, со која се ожени во Париз во 2011 година и се разведе од неа во 2017 година. Тие имаат две ќерки, близначките Маја и Топрак.
Туба еднаш беше нападната од турските медиуми кога се појави приказна дека таа го изневерила сопругот со Умут Евирген, кој е седум години помлад, и дека ја заменила семејната идила со страсна врска со него. Веднаш по разводот, Туба потврди дека е во врска со Умут, но Онур не сакаше да ја клевети поранешната сопруга и да ги потврди наводите за нејзината прељуба.

"Гласините велат дека Туба и јас се разведовме поради нејзиниот љубовник. Тоа е глупост! Фрла кал и на неа и на мене. Нашата врска едноставно заврши. Се обидовме да ја спасиме поради нашите ќерки, но не ни успеа. Туба е и ќе остане мајка на моите деца. Го изјавувам ова со цел да ја затворам оваа тема еднаш засекогаш ", рече актерот и се покажа дека е најголемиот џентлмен на Турција. 

View this post on Instagram

A post shared by OnurSaylak (@onursaylak)


Потоа, Туба раскина и со Умут, па се шпекулираше за врска со поранешниот фудбалер Али Гунес, а неодамна се шушкаше дека Туба е во врска со турскиот музичар Мурат Боз. 

извор:GLOSSY