Училиштата остануваат празни: МОН ја демантираше лажната информација

Откако почна да кружи информацијата дека училиштата во нашата држава ќе почнат со работа на 18 мај, 2020 година, а како доказ користеа „Уредба“ која се ширеше на социјалните мрежи, Минтестерство за образоние ја демантираше истата.
Во продолжение е целото обраќање на МОН:
„Министерството за образование и наука ја демантира информацијата која денес е објавена во дел од медиумите за наводно усвоена Уредба од страна на Владата со која основните и средните училишта во Република Северна Македонија продолжуваат со работа од 18 мај 2020 година.
Информираме
дека се работи за лажна информација и документ кој воопшто не е
подготвен од страна на МОН и усвоен од Владата. Оваа тема не била
предмет на дискусија на владините седници во изминатите денови. . .