Угро ќе штрајкува со глад во карантин

Раперот и продуцент Никола Угриновски- Угро од денес најави дека ќе почне со штрајк со глад, по 18 дневниот карантин во скопскиот хотел „Ибис“. Угро вели дека е револтиран од непочитувањето на договорот- карантинот кој требал да трае 14 дена, сè уште трае и покрај тоа што пред четири дена тестот покажал дека е негативен на вирусот Ковид-19.
Угро е во карантин од 10 април, откако се врати од бродоградилиште во Сен Назер во Франција, каде што исто така беше еден месец во изолација. На бродот, тој работеше како радиофифузен опаратор.
„Само што дознав дека човек од нашата група, кој е во сосема истата состојба е пуштен дома, а јас сум уште овде. Јас немам друга опција освен да се борам, затворен во соба како затвореник, освен да почнам штрајк со глад. Ги информирав сите на рецепција, медицинските лица и Центарот за јавно здравје“, изјави Угро за Женски магазин.
„Ве инфромирам официјално дека од 27 април, почнувам со штрајк со глад, одбивам било каква медицинска нега и ќе го известам секој можен медиум и јавноста за мојата состојба и ситуација во која се наоѓам. Мојот протест ќе трае сè до моментот додека не бидам ослободен од нелегалниот карантин, и покрај негативниот тест на Ковид-19 и поминатиот карантински рок. Го задржувам правото овој screenshot да го употребам и да го препратам до медиумите, невладини организации, амбасади и јавноста. Без почит, Никола Угриновски“, вели Угро во писмото што го испратил до надлежните.
Во претходно интервју за Женски магазин, тој го раскажа целото негово патешествие, од Франција до изолацијата во Скопје.
(М.Џ.)