УХМР СО ВАЖНО СООПШТЕНИЕ: Еве каде денес ќе има невреме!

Добивај вести на Viber

Извор: ФАКТОР

Денес наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град, информираат од УХМР.

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа, особено во источните делови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

Додека утре од УХМР синоптичарите предвидуваат променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец.

Фото: Freepik.com