„Уште има добри луѓе“: Надежда раскажа за хуман гест на луѓе кое им помогнале во непријатна ситуација во Грција

Жена по име Надежда Ц. сподели на социјалните мрежи необично искуство што ѝ се случило на враќање од одмор во Грција.
Како што раскажува таа, застанале во една пекара за да појадуваат – тројцата земале по бурек, но наишле на проблем: локалот не примал платежни картички.
„Ни на крај памет не ни беше да прашаме. Додека се распрашувавме каде има менувачница, а таа секако не беше блиску, пријдоа еден човек и еден помлад момак кои појадуваа на масата до нас. Без двоумење го платија нашиот појадок, а не сакаа ниту да слушнат да им ги земеме сметките за да им ги вратиме парите. Навистина останавме без зборови“, напиша Надежда во својот статус.
Таа додаде дека со ова искуство уште еднаш сфатила дека добрината сè уште постои и дека секој мал гест може да остави трага. „Ако случајно се дел од оваа група, сакам од срце повторно да им се заблагодарам и да им посакам сè најубаво во животот. Ваквите луѓе навистина враќаат вера во човештвото“, истакна таа.
Оваа објава брзо се прошири на интернет и предизвика бројни позитивни коментари. Корисниците ја поздравија искрената човечка постапка и нагласија дека токму вакви примери се вистински потсетник за тоа колку е важно да се биде човек.
Izvor foto: @Oficijalnastranicazanimljivo/shutterstock.com