Успеа да го освои срцето на најубавата жена на светот: Анџелина Џоли има ново момче (ФОТО)
После Бред Пит, единствено тој успеа да го освои нејзиното срце.
Според странските медиуми, Анџелина Џоли конечно ја пронашла среќата во љубовта.
Иако разводот со Бред Пит сè уште не е завршен, а според експертите, ќе трае со години, Анџелина влезе во нова романса.
Со години по разделбата од Бред, никој не успеа да ја заинтригира и да ѝ го освои срцето, а тоа сега му успеа на еден музичар.
Нејзиното ново момче е диџеј Дипло, според таблоидот „Нова идеја“.
Извори тврдат дека атрактивната двојка била видена на приватна забава во Лос Анџелес насмеана и уживајќи во опуштената атмосфера.

Актерката утеха пронашла во прегратките на Дипло по распадот на нејзината љубов со Пит.
Споменатиот таблоид наведува дека нивната врска напредувала, а актерката го претставила новото момче на нејзиното семејство. Очигледно, тој се сретнал со децата на неговата избраничка и сите биле воодушевени од него.
извор:stil.kurir.rs