„Вашата мајка секогаш имаше опција да ве остави во дом, но не го направи тоа“: Инфлуенсерка и мајка на девојчиња со Даунов синдром им го честиташе 17 роденден

Добивај вести на Viber

Црногорската инфлуенсерка и активистка Сара Беро повторно го трогна регионот со својата искрена порака, по повод 17. роденден на нејзините две ќерки со Даунов синдром – и својот 37. роденден. 

Позната по својата позитивност и борба за инклузија, Сара во емотивната објава потсети колку е важно да се сака безусловно и да се прифаќа различноста.

Во својата роденденска порака таа напиша:

„Убавици мои, баш во ова време, пред 17 години, во Клиничкиот центар на гинекологија, вашата мајка се бореше за живот… Од таа вечер, па до ноќеска, цели 17 години, вашата мајка се бореше – и за себе и за вас. Некои злобни луѓе велат дека вашата мајка преку вас станала популарна. 
Не, срценца мои. Вашата мајка секогаш имала опција да ве остави во дом – а домовите се полни со здрави деца, па ќе бевте само уште две одбиени деца со потешкотии во развојот. Можев да се жалам на мојата и на вашата судбина. Но не го направив тоа. Зашто ако не беше мајкава, никој немаше да чуе за вас, ниту за многу ваши другарчиња ширум регионот, не само во Црна Гора. 
Убавици мои, уште еден успех е пред нас. Ги поместуваме границите и нема да застанеме. Да сте ми живи! Среќен 17. роденден, а на мене – 37, за да го прославиме како што доликува. Си подарувам себеси, вам и на сите жени парфем… парфем кој нема да го помести само сетилото за мирис, туку и границите на силата, убавината и љубовта во секоја од нас“.


Со оваа порака Сара уште еднаш испрати силна порака до јавноста – дека децата со атипичен развој не се товар, туку благослов. Нивното постоење може да инспирира промени, да руши предрасуди и да покаже колку голема може да биде љубовта на еден родител.

Во изминатите години, Сара постојано говори отворено за предизвиците на родителството, не крие дека патот е тежок, но потенцира дека е исполнет со смисла и радост. 

РЖМ