Вера и издржливост: Малиот Јован Кутаноски преплива делница од Струга до Радожда во чест на денешниот празник

Добивај вести на Viber

По повод големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“, младиот Јован Кутаноски од струшкото село Радожда оствари несекојдневен подвиг – ја исплива делницата од градот Струга до своето родно место.

Пливањето започна во утринските часови од брегот на Охридското Езеро во Струга, а заврши во Радожда, каде што Јован беше пречекан од мештаните и бројни гости. Со овој чин тој изрази верба, љубов и почит кон Богородица, која во македонската традиција има особено значење како заштитничка и молитвеница за верниците.

Мештаните велат дека подвигот на Јован претставува голема чест за селото и инспирација за младите генерации да ја негуваат верата, традицијата и спортскиот дух.

Настанот беше проследен со радост и аплаузи, а Кутаноски доби искрени честитки од сите присутни.

М.С.К