(ВИДЕО) КОВИД еден без дваесет: Специјална епизода од „Преспав“ снимена доброволно и хуманитарно

Добивај вести на Viber

Екипата на „Преспав“ ќе не изненади со вонредна епизода, насловена „КОВИД еден без дваесет“.
Продуцентот Пеце Талески соопшти дека целиот тим работел доброволно на епизодата, а средствата собрани од маркетинг ќе бидат наменети за борбата против пандемијата.

„КОВИД еден без дваесет е специјална епизода од ТВ серијата „Преспав“ и ја направивме затоа што хуморот и ведрината се добра емотивна поддршка во овие моменти кои бараат солидарност и заедништво. Епизодата се реализираше од 21.04.2020 до 24.04.2020 во студијата на МРТ, при што покрај стандардите за продукција на ТВ програма во услови на пандемија, преземени беа дополнителни мерки за заштита на сите вклучени во продукцијата, според препораките на СЗО. Целиот тим работеше на епизодата волонтерски и доброволно, а средствата собрани од маркетинг пораките во епизодата ќе бидат уплатени на сметката на Фондот за борба против COVID-19. Му се заблагодарувам на тимот кој работеше напорно изминативе денови за да се случи Преспав „КОВИД еден без дваесет“ на спонзорите и пријателите на „Преспав“, на вработените во МРТ и секако на нашите најблиски за безрезервната поддршка. На заболените од COVID-19 им посакувам побрзо оздравување, а на сите други дa ги почитуваат препораките на здравствените работници и СЗО.“ - Пеце Талески, продуцент на „Преспав“

Епизодата ќе се емитува на 26.04, недела во 20:15 часот на МРТ1.

Погледнете ја најавата за епизодата: