(ВИДЕО) Шие со нозе: Жена родена без раце прави заштитни маски

Светот е исполнет со секакви луѓе - тоа го прави да биде толку убав. Но, луѓето што учат да прават многу и покрај тоа што живеат во неповолна положба, е тоа што навистина воодушевува.
Норфарра Сихирах Шаари е 32-годишна жена која е родена без раце. Тоа значи дека целиот нејзин живот се базира на адаптација. Таа одбива да дозволи нејзината попреченост да ја дефинира. Наместо тоа, му докажува на светот колку е способна со тоа што почна да шие маски за медицински работници во Малезија, со нозете.
Сместена во Селангор, Малезија, таа прави маски за да може болничкиот персонал да ја има целата лична заштитна опрема што им е потребна.
Норфара е еден од многуте волонтери кои работат за програмата на колеџот Телук Интан колеџ. Таа работи на шиење маски со 34 други луѓе. Но, таа ги разви своите вештини со машина за шиење многу порано.
„Научив како да ја користам машината за шиење пред околу осум години, бидејќи ми требаше прилагодена облека за моето тело“, рече таа, за „Њузфлер“. „На почетокот беше тешко, но после многу напорна работа и трпеливост, конечно можев да ја користам“.
Секој ден, докажува дека како жена со посебни потреби, таа сè уште може да помогне во борбата против вирусот.
Погледнете го видеото од Норфарах на работа: