Маја е вистинска хероина: Најде бебе во контејнер, оставено да умре - му го спаси животот, а сега сака да го посвои

Неверојатна вест ја потресе јавноста во регионот – на улицата „Дунавска“ во Земун, во близина на контејнер, било пронајдено женско бебе завиткано во кеса и оставено да умре.
Заслугата за тоа што новороденчето е спасено и денес е во добра состојба ѝ припаѓа на Маја Милинковиќ, случајна минувачка која на време го слушнала необичниот звук и решила да провери.
„Околу 8:20 часот поминував таму за да нахранам мачки. Слушнав чуден звук, како крик, и мислев дека некое животно е заглавено. Кога прескокнав ограда и пријдов, забележав кеса што се мрда. Кога ја отворив – видов бебе. Бев во целосен шок“, изјави Маја.
Новороденчето, старо само околу седум дена, било бледо и се борело за воздух. Благодарение на брзата реакција, веднаш било однесено во болница, каде лекарите потврдиле дека е стабилно.
Она што оваа приказна ја прави уште потрогателна е одлуката на Маја – жената која го спаси животот на девојчето изјави дека сака да ја посвои.
„Би сакала да ја посвојам. Немам свои деца, но имам услови, и тоа би бил среќен крај. Ќе се обратам во Центарот за социјална работа за да ги дознаам следните чекори“, рече таа.
Јавноста ја прогласи Маја за вистинска хероина, а останува да се види дали нејзината желба ќе се исполни и дали спасеното бебе ќе најде дом токму кај неа.
Извор: Telegraf.rs Фото: Telefrag.rs / Силвија Јовановиќ