ВО ГЕРМАНИЈА: Прогласен е воен аларм за катастрофа, спасувачките екипи наоѓаат мртви во подрумите

Добивај вести на Viber

Ситуацијата во северозападна Германија, во областите кои беа сериозно погодени од невремето - сè уште е крајно опасна и алармантна. Властите генерално се воздржани во однос на вкупниот број на исчезнати лица. Бидејќи мобилната мрежа и телефонските линии се прекинати, нема начин да се следат контактите преку телефон. Инфраструктурата - патишта, железници, гасоводи – е целосно или делумно уништена. Од вчера повеќе од 100.000 луѓе сè уште беа без струја, известува Дојче Веле.

Бројот на познати смртни случаи се искачи на најмалку 135, додека илјадници сè уште се водат за исчезнати. Спасувачките екипи постојано ги наоѓаат мртвите во подрумите на куќите.

Повеќе информации за состојбата во Германија, прочитајте на Фактор.мк