Во моментов најпосакуваниот маж во светот: Дамијано позираше во мини здолниште и ги воодушеви девојките

Добивај вести на Viber

Дамијано Давид, фронтменот на италијанскиот бенд кој победи на овогодинешниот „Евросонг“, воодушеви многу девојки со својата последна објава на Инстаграм.

Екстравагантниот пејач објави фотографија на која позира без маица во карирано мини, што ги полуде неговите обожаватели.

За само неколку часа, фотографијата собра над милион лајкови.

„Волшебно“, „Те сакам“, „Секси“, „Што јадеш за да бидеш толку убав?“, „Омажи се за мене“, се само некои од илјадниците коментари на воодушевени девојки.

Дамијано обожава шминка, лакирани нокти, потпетици и обетки, и без оглед на неговата малку чудна слика, барем за маж, по Евровизија стана еден од најпосакуваните мажи на светот.