Вук Костиќ ги полуде жените на Инстаграм: „Еј, ти, брадести, „убиваш“ како изгледаш“
фото:instagram/story.rs
Актерот Вук Костиќ е непрепознатлив на последната слика што ја објави на социјалните мрежи.
Ѕвездата од серијата „Убијците на мојот татко“ и филмот „Дара од Јасеновац“, актерот Вук Костиќ, објави слика на Инстаграм која за кратко време направи вистински хаос на социјалните мрежи.
Имено, на сликата, актерот позира во невидено издание. Ги пуштил косата и брадата долги и ставил ретро очила за сонце.

Во морето од објави на неговиот профил, меѓу кои има прекрасни пејзажи и риболовни авантури, ова е сликата што предизвика најголемо внимание.
Тој собра скоро 3.500 лајкови на објавата, а некои од коментарите на неговите следбеници, осбено следбенички:
"Леле, каква трансформација", "Леле, брада! Кој е убав, секогаш е убав! Поздрав до најдобриот актер! "," Еј, ти, брадести, „убиваш“ како изгледаш"...
Инаку Вук важи за еден од најзгодните и најпривлечни актери по кој жените лудуваат.
извор:telegraf.rs