За да ги заштитите насадите од УВ зрачењето има начин, но тоа ќе ве чини пари

Добивај вести на Viber

За да ги заштитат своите насади од град и од УВ зрачењето, земјоделците сѐ почесто купуваат заштитни мрежи. Велат дека тие навистина се корисни, но производителите на храна се изложуваат на дополнителни трошоци кои во минатото ги немале.

Дел од земјоделците велат дека веќе две – три години користат мрежи објаснуваат дека без нив, плодовите се оштетуваат, имаат дамки и како такви купувачите не ги сакаат. Но, ако решат на поголема површина да стават мрежи, трошокот не е мал. Поради климатските промени, страда родот, а и приносите се помали.

„Пред две-три години почнав да користам мрежи. Сонцето прави штети, плодoвите добиваат жолти дамки и никој не ги сака. Мрежите ги ставам врз пластеникот и заштитуваат. Премногу е топло“, рече Родна Стојановска, земјоделец.

Меѓу себе луѓето си разменуваат искуства и ги применуваат практиките кои даваат ефекти.

„За домати и пиперки користиме мрежи. Ги ставаме на пластеникот. Секако дека помага. Ако нема мрежа, на јако сонце плодовите горат. Според мене мрежите не се многу скапи, и планирам да ги користам три-четири години“, кажа Томе Антиќ, земјоделец.

Примената на заштитни мрежи од град, сонце и поројни дождови дава резултати за намалување на штетите од климатските промени. Истите мрежи луѓето ги користат за заштита и на лозови и овошни насади.

„Мрежите ги купуваат за заштита на лозја и за градинарско производство. На килограм се продаваат. Цената зависи од густината, има различни густини. По неколку години ќе им траат на земјоделците“, велат од струмичка земјоделска аптека.

Од друга аптека додаваат дека цените за килограм мрежа се околу 350 денари или 9 денари по квадрат.

„Палестиниците ги покриваат со нив. Но, може да се случи да имаме количина, а да не може да се продаде. Бројот на земјоделци паѓа. Една мрежа може да трае до 5 години, а ако е поквалитетна може и повеќе време да ја користат. Како оди времето и за лозјето се ставаат овие мрежи, но и за сите други култури. Сонцето е многу силно, има изгорување, деформации, нема вегетација“, додава Зоран Ристов, агроном.

Мрежите ги намалуваат финансиските загуби на сопствениците на насадите, но и служат како бариера за заштита од птиците и штетниците. На луѓето останува да изберат големина, материјал, нијанса. Овие мрежи ги има во некои аптеки, додека други не ни работат со нив. Во последниве неколку години во Преспа град ги уништи јаболковите насади. Штети имаше и на праските во Росоман. Временските услови стануваат неповолни и тоа се одразува на родот. 

Сања Атанасовска за „Фактор

foto printskrin youtube