Загина на 32 години поради селфи: Падна од карпа додека се обидуваше да направи совршена фотографија
Трагичниот инцидент се случил во паркот Ха Пак Лаи, каде Софија заминала со тројца пријатели
во саботата околу 11 часот. Таа се движела над водопадите Ананас во еден парк, локалитет популарен меѓу
планинарите, кога изгубила
рамнотежа и паднала пет метри во бездна.
Светот е шокиран од веста за трагичната смрт на инфлуенсерката Софија Чеунг (32), која почина откако се обиде да направи совршено селфи од опасна и стрмна карпа, пренесува британскиот медиум „Сан“. Чеунг е позната по прекрасните фотографии кои успеа да ги сними на своите патувања во природа, а овој пат сакаше да се фотографира на карпа над водопадите, но се лизнала. Преплашените сведоци веднаш повикале брза помош, која пристигнала многу брзо, но по пристигнувањето во болницата, ја прогласиле за мртва.
Инфлуенсерката често објавуваше фотографии на кои позира на рабовите на стрмни карпи и на своите профили тврди дека „животот треба да биде забавен, а не глупав“. Таа не е прва што почина на овој начин. Да потсетиме, минатиот јануари, една Индијка почина додека правеше селфи во близина на водопадите.
Фото: Инстаграм
Можеби ќе ве интересира:
Трагедија: Почина бремена на 36 години- Инфлуенсерката беше мајка на 4 деца