Заради нашиот менталитет се потребни карантински мерки: Проф.др. Розалинда Исјановска

Не е потребен карантин и најдраконски мерки, но само во државите каде што луѓето се воспитани и ги почитуваат препораките од властите. Нашиот менталитет, за жал е поинаков, вели за Фактор, професор д-р. Розалинда Исјановска. Оваа лекарка е еден од нашите најврвни епидемиолози, исто така е професор на медицинскиот факултет. На др. Исјановска специјалност и е хепатитис, или народски позната жолтицата, но таа е и Претседател на НВО „Хепта“.
Овој врвен специјалист, ги советува граѓаните да не креваат паника, вирусот не опстанува во надворешна средина како што е сезонскиот грип, и потешко се пренесува. Се додека не се произведе вакцина, мора да се држи социјална дистанца, не е потребен карантин, но поради менталитетот на луѓето во земјава кај нас е воведен овој начин на заштита.
Зошто некои воопшто немаат симптоми на вирусот, но сепак тестовите за Ковид-19 им се позитивни. Што е тоа во организмот што не дозволува симптомите на новиот корона вирус да излезат на „виделина“, па тоа е и основната причина за голем број заразени луѓе?
Ова не е прво заболување каде се регистрира асимптоматска или благосимптоматска клиничка слика . На некој начин вирусот опстанува, гради како една симбиоза со човековиот организам, тој е присутен, но се во равнотежа со одбрамбените механизми. Но, приотоа асимптоматскиот носител го шири вирусот во својата околина. Вирусот мутира и токму тие мутации се одговорни за тежината на клиничката слика, од лесна настинка до заболени кои завршуваат на респиратор. Според Кинезите, вирусот мутирал во 30 различни видови и тие се различни во својата јачина, се регистрираат видови кои создаваат 200 пати поголемо количество на вирус во однос на послабите.
Што знаеме до сега за рутите на трансмисија на вирусот, како и неговото задржување на одредени површини. Последните сознанија се дека опасноста е поголема од групирање на луѓе, отколку од допир на одредени предмети, кваки, мобилни телефони, прехрамбени производи во маркетите, итн...
Сега за сега дека се пренесува по респираторне пат. За време на дишењето, преку кашлањето, кивањето, гласното зборување се исфрлаат ситни капки од назофарингеалниот секрет со различна големина и се распрснуваат во вид на аеросоли. Овие капки се нарекуваат Флигеови, кои можат да бидат исфрлени до 150 до 200см. 96% се пренесува со капките. Останувањето во воздухот зависи од големината, влажноста и температурата на воздухот. Тие се невидливи за нашето око.За да настане заразување преку Флигеовите капки, новиот домаќин треба да биде на растојание не поголемо од 150-200см. од стариот домаќин, со што Флигеовите капки барем имаат ограничена улога во пренесувањe на заболувањата. Тие се потешки капки кои паѓаат на различни површини и притоа можеме да дојдеме во контакт најчесто со рацете, па да се фатиме за нос , уста или очи каде конјуктивата е влезна врата. Добро е што корона вирусот се шири само со близок контакт од човек на човек,а не како грипот и при самото кашлање и кивање, односно вирусот живее само во човечкото тело може да се пренесе и пред да се појават симптомите. Овој вирус не опстанува во надворешната средина како што е сезонскиот грип и затоа потешко се пренесува. Колкаво е опстанувањето на вирусот на предмети е сеуште една енигма,живее во честички во воздухот до неколку часа, додека на површините на предметите може да живее и до неколку дена (лабораториски).
Целиот текст со проф.др. Розалинда Исјановска прочитајте го на Фактор.мк