Збогум на дамките од масло: Потребните состојки ги имате во кујна (ВИДЕО)
Еве како да ги отстраните дамките од масло од облеката
Дамките од масло се речиси невозможни да се отстранат. Ова веќе нема да биде проблем, бидејќи една тиктокерка покажа како можете да ги отстраните дамките од масло.
Како што покажа на видеото што го објави, дамката прво треба да се потапка со тоалетна хартија за да се отстрани вишокот масло, а потоа да се нанесе малку сода бикарбона на извалканиот дел од облеката и да се остави да отстои околу еден час.
Потоа истурете чаша вода и капаче со течен детергент за перење во садот, измешајте добро, а потоа нанесете ја оваа смеса на дамката со четка и лесно тријте.
@carolina.mccauley How to remove Oil Stains from clothing #laundrytips #laundrymagic #laundrytok #cleantok #selftaught
Mr. Sandman - The Chordettes
На крај, ставете ја облеката со дамка од масло во машината за перење и исперете ја на вообичаен начин и ќе се ослободите од дамките.
Фоот и Видео:ТикТок
Moжеби ќе ве интересира:
Лесен начин за отстранување на жолти дамки од бела облека: Потребно ви е само една состојка (ВИДЕО)