„Жената е најголемиот непријател на жената“: Станавме љубоморни и гневни една на друга, време е да ставиме крај на таа идеологија!

фото:unsplash
За женската суета и љубомора...
Кога ќе погледнете наоколу ќе видите постојана конкуренција на секое поле од животот. Не мора да значи ништо лошо, но кога ќе почнеме да ја спроведуваме таа „дисциплина“ кон сите, колапсот и разочарувањето се неизбежни.
Од детството слушаме дека жената треба да се грижи за жената, зошто?
Не е толку ретко кога ќе слушнете како најдобрата „пријателка“ ѝ го украла момчето на пријателката, нејзиниот сопруг, правела грди работи зад нејзиниот грб... Се поставува прашањето дали таа девојка цело време се преправала дека ѝ е другарка или нешто едноставно кликнало кај неа и посакала да ја повреди, да го земе го тоа нешто „нејзино“ за да си даде важност, да докаже и покаже дека може.
На некои жени како да им бил всаден тој комплекс на доминација над сите, бидејќи без него венеат како цвет без дожд.
Зошто е тоа така, ќе оставиме на психолозите да се занимаваат со ова глобално прашање и женската психа, но подобро би било да почнеме со некои ситници од нас самите.
Зависта е нормална работа, кога е во нормални дози. Поентата е да се препознаеш и фатиш себеси во даден момент кога завидуваш некому, што е тоа на што завидуваш?!
Што има тој некој што вие го немате?
Често паѓаме во таа замка и не го контролираме тоа дадено чувство, а потоа тоа станува апсолутно секојдневие.
Можеби некоја жена има поубава коса од тебе или нос, кола, дечко, подобро платена работа... Можеме да набројуваме и да даваме примери до утре...
Работата е во тоа кога ќе започне таа не толку убава емоција на љубомора, да ја прекинеме и кажеме:
„Добро, таа го има тоа што мислам дека ми недостига, што да правам и како можам лично да стигнам до тоа или зошто треба да го имам и јас тоа?
Можеби самата личност на која ѝ завидувате може да ви помогне и да го постигнете тоа.
Кога некој е успешен, треба да се радуваме и да бидеме среќни, затоа што тие луѓе во подобра позиција можеби ќе ти помогнат утре, а задутре ти ќе им помогнеш.
Знам за еден случај на жена која била адвокатка и постојано завидувала на деловниот успех на нејзината пријателка. Во еден момент, после долго време, се запрашала, како е можно да не им завидува на своите подобри и поуспешни колеги, туку на жена која е во сосема друга индустрија.
Тогаш сфатила дека токму тоа сака да го работи и дека адвокатската работа не е за неа. И истата пријателка на која и завидувала ѝ помогнала да научи и да почне да се занимава со таа професија.
Чист пример за тоа како таа „лоша“ емоција ја однела таму каде што отсекогаш сакала да биде.
Мислам дека женската солидарност и енергија буквално може да го освои светот, затоа мислам дека најголемото зло е направено кога почна да се пропагира приказната дека „жена на жена е опасност“ и таму се создаде зависта и љубомората.
Секој е генијален, уникатен и посебен на свој начин и секој има нешто што другиот го нема, но тука е и целокупниот шарм.
Време е да се прекине традицијата дека жените се непријателки едни на други и да почнат несебично да се поддржуваат и да се бодрат една со друга, бидејќи меѓусебната победа тогаш е неизбежна.
извор:najzena