Жената кога станува мајка, таа станува и МЕДИЦИНСКА СЕСТРА, ГОТВАЧКА И ВОСПИТУВАЧКА

Добивај вести на Viber

Мајчинството е улога која дефинитивно донело голема промена кај секоја жена. Светот на жената целосно се менува откако ќе стане мајка, а бројот на обврски секојдневно се зголемува. Жените стануваат поприлагодливи кон потребите на детето, па затоа често ќе ја слушнете и фразата „Растам заедно со моето дете“. Како се менуваат потребите на детето, така се менуваат и обврските на жената, но и нејзината перцепција, ставови, мислења за светот што ја опкружува. 

Секоја жена отткако ќе стане мајка, со тоа добива уште цела листа на улоги кои ги игра. Мајката прва забележува кога нешто со нејзиното дете не е во ред, го следи неговото здравје деноноќно и е прва помош на своето дете. 


Кога стануваат мајки жените покрај прва медицинска помош за своите деца, ги усовршуваат и своите готвачки способности. Мајките се грижат за здравата исрахана на своето дете и голема е веројатноста дека жените во периодот на мајчинството ќе ги преиспитуваат своите ставови за здравата исхрана. 

Во перидот кога стануваат мајки, жените сакаат да им приготват храна на своите деца од прва рака. Првата помисла на секој од нас за мајка е топол оброк. Таа перцепција еволуциски се задржала низ воспитанието и системот на улоги. 

Жените стануваат повешти во кујната бидејќи имаат мотивација, преку храната, нејзиниот вкус и времето одвоено за нејзино приготвување на покажат љубов на своите деца. 

И на крај секоја жена кога ќе стане мајка во истовреме станува и воспитувачка. Ги учи сите песнички пригодни за детскиот развој, наоѓа креативни начини како да му ги доближи на своето дете апстрактните настани и концепти и учи нови вештини. Затоа можеме да кажеме дека првата учителка во животот на едно дете е токму неговата мајка. 

Со една реченица, идентитетот на секоја жена се мултиплицира кога таа станува мајка. Жената не е веќе единка, таа е индивидуалец со повеќе улоги и сама ги поместува сопствените граници со цел да му се доближи што е можно повеќе на своето дете!

Извор: Freepik.com