Жената која го држи рекордот во пукање на мажите со ноќ во Кавадарци што ќе ја памти засекогаш

Во преполната Музејска галерија во Кавадарци, македонската сликарка и поранешна олимписка репрезентативка во стрелаштво, Дивна Грозданова, ја отвори својата импресивна самостојна изложба „33 години уметничко творештво“. Вечер исполнета со боја, емоција и инспирација – токму онака како што е препознатлив нејзиниот стил „Дивнизам“, кој плени со духовни вредности и љубов кон човечноста.
Родум од Кавадарци, но веќе повеќе од една деценија со семејството во Њу Џерси, Дивна негува две големи љубови – стрелаштво и сликарство. Како најдобар стрелец на сите времиња во Македонија со 37 државни рекорди, балкански шампион и учесник на Олимписките игри во Сиднеј и Атина, таа го пренесува истото чувство на дисциплина, посветеност и страст и на своите платна.
Публиката имаше ретка можност да ја види нејзината животна приказна преточена во боја – од првите чекори во сликарството на само 13 години, до денешниот препознатлив потпис на уметничката сцена. Со поддршка од семејството и пријателите, вечерта беше вистинска прослава на талентот и упорноста. „Ова беше ноќ што ќе ја паметам засекогаш“, изјави Дивна преку социјалните мрежи, благодарна на сите што ја споделија оваа важна пресвртница со неа.