Женски магазин организира избор за „Мис фотогеничност“: Пријавете се, ова се правилата

Добивај вести на Viber

Редакцијата на „Женски магазин“, во соработка со неколку еминентни личности од светот на македонската модата организира избор за „Мис фотогеничност“. Принципот на пријавување е едноставен:

Право на учество имаат девојки и дами од 18 па се‘ до 40 години. Треба да испратите две фотографии по ваш избор, едната каде убаво се гледа лицето и другата во облека каде се истакнува вашиот стил на облекување. Фотографиите заедно со вашите генералии ги испраќате на нашето електронско поштенско сандаче contact@zenskimagazin.mk или во инбокс на Фејсбук страницата на Женски магазин најдоцна до 15- ти јуни.

Победничка ќе биде онаа која ќе има најмногу лајкови на фотографијата, заедно со гласовите од стручното жири.

Секоја ваша фотографија ќе биде постирана на нашиот Фејсбук профил, а сите на кои им се допаѓа, ќе можат да гласаат.

За победничката подготвивме примамлива награда - Ексклузивен моден едиторијал во креации на македонскиот бренд „Бела“ кој ќе биде претставен на нашиот сајт, подарок - креација од истоимениот бренд, интервју и други изненадувања.