Животна училница // Приказни
Жешка недела пред нас: Од понеделник, доаѓа нов топлотен бран
- 29 Јуни, 2025 15:36

Од понеделник следува период на стабилно и потопло време со постепен пораст на дневнaтa температура, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето утре во државата ќе биде претежно сончево со умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе достигнува брзина од 60км/ч. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 37 степени, соопшти УХМР.
Во Скопје, сончево со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Во наредните три денови не очекува многу топло време, а според информациите на УХМР во четврток дневните температури ќе достигнат и до 39 степени.