Живее под ист покрив со поранешниот и сегашниот маж: Сите ја осудуваат, но таа има силна причина

Меган Мејер од Јужна Каролина пронајде необично, но практично решение за живот со сѐ поголемите трошоци – живее заедно со својот нов сопруг и поранешниот сопруг за да заштеди пари и да обезбеди стабилност за своите деца.
Откако во 2023 се разведе од Тајлер, со кого има дете, Меган се омажи за Мајкл, а нивното семејство доби уште едно дете. Наместо децата да се селат од еден родител кај друг, одлучиле сите да живеат под ист покрив.
„Финансиски, сите сакавме да заштедиме и да ги преполовиме трошоците, па како што момците почнаа добро да се согласуваат, си помисливме – зошто да не?“, изјави Меган за Daily Mail.
Сепак, не е секогаш идилично — Меган признава дека знае да се расправа со поранешниот сопруг Тајлер, но главно се работи за ситници.
Што се однесува до тоа како функционираат таа и нејзиниот сегашен сопруг во куќа каде што живее и поранешниот сопруг, Меган вели дека таа и нејзиниот сопруг нежностите ги оставаат за спалната соба и се држат настрана од заедничките простории.