Животот низ неговите етапи: Што се очекува од животот на 15, на 18, на 30, на 50 и на 80 години?

Кога имаш една година – сонуваш за топло млеко и за мајчината прегратка.
Кога имаш пет години – сакаш да трчаш, да се играш и да го откриваш светот.
Кога имаш десет – ти требаат омилените играчки, сладолед од јагода и велосипед со кој ќе можеш да возиш брзо низ ветерот.
Кога имаш петнаесет – сакаш да им се допаднеш на другите, сонуваш за крајот на училиштето, за излегувања со пријателите и за модерна облека – како твоите врсници.
Кога имаш осумнаесет – копнееш по слобода. Сакаш да побегнеш од мајчините крилја и да правиш сè она што дотогаш не ти било дозволено.
Кога имаш дваесет – ја бараш својата втора половина. Мислиш дека веќе си формирана личност. Сонуваш за љубов, романтика и бајковитото „и живееја среќно до крајот на животот“.
Кога имаш триесет – почнуваш да сфаќаш дека бајки нема. Само сакаш мир. Сонуваш децата да ја преспијат ноќта, да не плачат без причина. И оној што е со тебе – барем да те почитува.
Кога имаш четириесет – сакаш да изгледаш помладо отколку што пишува во личната карта. Да заработуваш добро, да им помагаш на децата, а покрај тоа – брчките баш и да не се гледаат премногу.
Кога имаш педесет – ти е доволно здравјето. Да не се разболат родителите, а децата да не се караат.
Кога имаш седумдесет – сакаш да се вратиш во детството. Кај мама. Па макар таа пак да те контролира – чекор по чекор.
На осумдесет само уште малку сакаш да поживееш. На овој свет. Дури и ако грбот страшно боли… и сè друго. Брчките веќе воопшто не ти пречат.
Таков е животот. Секоја етапа има своја вредност. Но враќање нема.
Затоа радувај се на моментот – додека сите сè уште се тука. Живи и здрави.
Непознат автор