Знаете ли колку сега „тежи“ Џеф Безос?
Акциите на Амазон се зголемија за повеќе од девет проценти во 2021 година. Директорот на „Амазон“, Џеф Безос, монетално најбогатиот човек на светот сега тежи 200 милијарди долари според Форбс, поточно 202,3 милијарди долари.
Втор е францускиот бизнисмен Бернард Арно 182,8 милијарди, а Илон Маск е на третото место со 172,5 милијарди долари.
Основачот на „Амазон“ последен пат го надмина прагот од 200 милијарди долари минатиот август кога акциите на гигантот за интернет трговија достигнаа досега незамисливи височини поради скокот во продажбата преку Интернет предизвикана од последиците од пандемијата. Безос е најголемиот единствен акционер во „Амазон“.
Најновиот раст на богатството на Безос е резултат на добрите резултати во првиот квартал, објавени од „Амазон“. Продажбата на компанијата скокна за 44 проценти на над 108 милијарди долари, надминувајќи ги внатрешните очекувања.
Безос треба да се повлече од функцијата извршен директор во втората половина на оваа година.