Култура // Настани
Брендот Tip of the Week® се шири глобално
„Навистина сме среќни што на платформа на која само 35 % од проектите се успешни, и нашиот е еден од нив. Искрено веруваме дека ова интернационално издание, покрај тоа што ќе ни ги отвори вратите за ширење на Tip of the Week концептот, ќе биде и отскочна даска за промовирање на автори и деловни професионалци од Македонија и Балканот ширум светот. Многу ни значи што меѓу поддржувачите има и издавачки куќи со кои се надеваме дека Прирачникот ќе го направиме уште подостапен за светската читателска публика – велат главните иницијатори и креатори на Tip of the Week® концептот, Петар Лазаров и Калин Бабушку“.
Интернационалното издание на англиски јазик ќе содржи 40 совети од автори и деловни професионалци од Балканот надополнети со многу практични примери и самоевалуациони вежби.