Култура // Настани
(ВИДЕО) Ориентал бенд со музичка празнична честитка

- Целиот проект е снимен во живо. Нашата желба, во живо да отпееме и отсвириме неколку убави песни, на театарска сцена со светла, вроди со плод и нескромно ќе кажеме дека испадна одличен производ. Нашето го остваривме. Работевме со многу голема желба и љубов, а сега останува публиката да го препознае тоа, велат Ориенталци, додавајќи
дека видеата ќе се објавуваат на нивниот канал на „you tube“. - За сите преработки, направивме и видеа, а ќе ги објавуваме по едно, секоја недела. Сакаме искрено да се заблагодариме на театарот во Велес, Љупчо Павловски од студио „Анастасија“ и Кристијан Конески, кој беше задолжен за видео продукцијата.