Моден фокус // Трендови
Во „Ројал Алберт Хол“ доделени Модните награди за 2017

Бројни личности од светската мода, вклучително и славни актери, музичари, спортисти и водители, прошетаа на црвениот килим, а потоа присуствуваа на церемонијата која почна со доделување на признание на Марија Грација Кјури од „Диор“ за позитивни промени во модата.
Супермоделот Наоми Кембел одржа емотивен говор за нејзиниот пријател и моден креатор Азедин Алаја, кој постхумно ја доби наградата за извонреден придонес во светската модна индустрија.
За најдобри британски дизајнери прогласени се Џонатан Андерсон (за својот бренд JW Anderson) за женска, и Крег Грин за машка колекција. Андерсон, ја доби и наградата за најдобар дизајнер на модни додатоци, но за неговата работа во модната куќа Loewe. Главната награда за дизајнер на годината му припадна на Раф Симонс, креативен директор на Calvin Klein.
