Стил Профил,
Трендови
(ГАЛЕРИЈА) Ова е единствениот фустан кој секогаш се исплати да го имате во плакар
Во модната орбита, во 50-тите го лансираше Одри Хепбурн со улогата во култниот филм „Појадок кај Тифани“, а до денес важи за омилено парче облека на многу дизајнери кое доаѓа во безброј модни интерпретации.
Колку краткиот црн фустан е посакуван, потврдуваат и познати светски трендсетерки и дами од светот на познатите кои актуелните трендови од време на време ги разбиваат со оваа бевременска класика во дневни и свечени изданија.
Иако денес доаѓа во многу верзии и должини, малата црна тоалета со години не го промени едноставниот крој што ја прави најчест избор за сите прилики.
За овој синоним на женственост и елеганција се покажа дека со помали разлики во кројот може добро да и стои на секоја форма на тело, а познатите дизајнерски имиња и високо стилски брендови на краткиот црн фустан секоја сезона му даваат нов живот водејќи се од актуелните модни трендови.
[gallery size="large" ids="7749,7750,7751,7752,7753,7754,7755,7756,7757,7758,7759,7760,7761,7762,7763,7764,7765,7766,7767"]