Ѝ откриле рак, а имала само еден симптом: Ова е нејзиното искуство кое сака да го сподели со сите
Мајката на три деца, Шери Родос, одлучи да ја сподели својата приказна со сите, откако дознала дека има рак на дојка.
Имала само еден симптом, а сега го сподели со другите жени со цел навремено да ја забележат оваа болест.
Иако главниот симптом е израсток, коај неа се појавила вдлабнатина на страната на десната дојка. Бидејќи е редок случај, тој симптом останува незабележан.
„Вчера ми беше дијагностициран рак на дојка. Бев целосно шокирана бидејќи оваа вдлабнатина беше единствениот симптом. Ја забележав таа вдлабнатина на крајот на јули и отидов на лекар. Отидов на преглед и скенирање што откри присуство на маса, што мамографот го потврди. Бидејќи немаше грутка, јас дури и не бев загрижена, но резултатите покажаа дека станува збор за рак на дојка. Ве молиме редовно проверувајте ги градите и не игнорирајте ништо чудно. Да не видов нешто слично и јас, немаше да знаев дека тоа е симптом на рак. Ве молам споделете понатаму “, напиша таа.
Умира од рак на дојка и последните денови од животот им ги посветува на другите: Сакав да станам мајка, но сега е предоцна