Ѝ пукнал водењакот, а надзорната камера снимила што зборува испаничениот иден татко

Добивај вести на Viber

Кога на Медисон Маршал среде ноќ и пукнал водењакот, го разбудила сопругот веднаш. Само еден час порано, тој пиел мелатонин за да му помоне да му „дојде“ сонот, па се разбудил прилично „зашеметен“.

Медисон имала спакувана торба за породувањето порано, па ги зела своите работи и седнала во автомобилот. Нејзиниот сопруг се вратил да ја заклучи куќата, а надзорната камера го снимила смешното прашање што тој ѝ го поставил.


„Дали ни требаат пасоши?, ја праша сопругот.

„Да, одиме во Париз“, одговори таа саркастично.

Идниот татко во паника, дури и објасни зошто пасошите би им биле потребни и зошто воопшто се сетил на нив.

„Па, не знам. Можеби ни треба доказ дека сме родители на бебето“.

Урнебесната снимка е прегледана повеќе од 10 милиони пати за три дена.


Фото и Видео: ТикТок