Аделина достојно облечена за во „срцето“ на Абу Даби: Најголемата џамија во светот за чија изградба биле потрошени милиони долари

Добивај вести на Viber

Ако сте на патување во Абу Даби, а не го посетите местото каде верата, културата и уметноста се спојуваат во едно, а тоа е Шеик Зајед Гранд Џамија, тогаш исто како да не се биле на ова место.

Посетата на оваа знаменитост во Абу Даби е всушност срцето на убавината и духовноста.

Познатата пејачка и инфлуенсерка Аделина Тахири која изминатата недела престојуваше на летување во Дубаи, заедно со нејзиниот сопруг и син, сега е во посета на ова културно наследство.

Облечена во достојна модна комбинација за посета на ова свето место. Влезот во џамијата е бесплатен и со строги правила на облекување за почит и скромност. Жените мора да бидат облечени во долга, широка облека и марама, додека посилниот пол треба да носи долги панталони.

За посетата Аделина одбрала црна долга наметка со марама на главата, очила и црни сандали позира среде големото здание.

Оваа џамија ја прикажува визијата на шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан, кој е основач на Обединетите Арапски Емирати. Неговата цел била да создаде простор на толеранција и единство.

За оваа џамија биле потрошени околу 5.45 милиони долари, која е најголемата во светот. Изградбата на џамијата е завршена во 2007 година и може да собере околу 40.000 посетители.

Интересен податок е дека над 12 хектари бел мермер бил донесен од Македонија.

Фото: Инстаграм
РЖМ