Ана почина во Турција по естетски операции: Пејачката вечерта пред операцијата ја поминала со хирургот

Добивај вести на Viber

Пејачката Ана Барбара Бур Булдрини почина од срцев застој само неколку часа по извршени естетски зафати во една болница во Турција. Нејзината смрт предизвика шок, особено по наводите дека вечерта пред операцијата ја поминала со сопствениот хирург.

Патувала во Истанбул за зафати во замена за промоција на болницата

Ана Барбара (31) минатиот петок отпатувала од Мозамбик во Истанбул заедно со својот сопруг, уметникот Елгар Мајлс, со цел да направи зголемување на гради, липосукција и операција на нос. Како што изјавил Мајлс за бразилскиот медиум „O Tempo“, зафатите биле дел од договор за промоција на болницата Tusa.

-„Сакаше да го подобри својот изглед, тоа ѝ беше сон,“ изјави Мајлс.

Вечер со хирургот и ненадејна промена на терминот за операција

Двојката, која се венчала само еден месец претходно, наводно вечерта во саботата излегла со хирургот кој требало да ги изврши зафатите, пишува бразилскиот G1. Ана и Елгар првично побарале операцијата да се одложи за да имаат уште еден ден за одмор и подготовка.

-„Поради проблеми со распоредот, хирургот реши да ја помести операцијата за недела,“ рече Мајлс. „Ја посетивме клиниката само да ја разгледаме, но докторот инсистираше веднаш да ја изврши процедурата, иако Ана не беше подготвена.“


Лекарите уверувале дека сè е под контрола

И покрај ноќнoто излегување, Ана Барбара била наговорена да продолжи со зафатите. „Докторот ми гарантираше дека нема да има проблем и дека сè ќе помине во ред,“ раскажува Мајлс.

Зафатите биле извршени, а Ана излегла од операционата сала околу 23 часот во неделата. Мајлс потоа добил фотографија која наводно ја прикажувала неговата сопруга како се опоравува.

Персоналот му соопштил дека таа сè уште е под анестезија и дека наскоро ќе се разбуди. Сепак, како што минувало времето, го забележал чудното однесување на персоналот.

Трагедијата се наѕирала – лекари без објаснување

„Ми рекоа да одам во соба, но асистентите се однесуваа чудно. Чекав еден час и 15 минути за да ја видам повторно,“ вели Мајлс. „Слегов во приземје и еден лекар ми рече дека ѝ чука срцето многу бавно, додека друг рече дека веќе починала.“

Турската полиција ги привела лекарите на распит, но подоцна биле пуштени.

Болницата ја негира одговорноста: „Не успеавме да ја реанимираме“

Во соопштение за медиумот Turkiye Today, болницата Tusa тврди дека не се случил пропуст во лекувањето и дека персоналот направил сè што можел за да ја спаси пејачката.

„И покрај сите напори на нашиот стручен тим по анестезиологија, не успеавме да ја реанимираме пациентката,“ стои во изјавата.

Извор: Курир.рс