Ана стана првата адвокатка со Даунов синдром во светот: Браво лавице

Добивај вести на Viber

Ана Викторија Еспино Де Сантијаго влезе во историјата како прво лице со Даунов синдром кое дипломирало право.

Таа дипломирала на престижниот универзитет Бенемерита Автонома де Закатекас (BUAZ) во Мексико, што привлече големо внимание од медиумите и јавноста ширум светот.

Родена во 1999 година во градот Закатекас, Ана Викторија е решена уште од детството да ги надминува пречките и да ги крши стереотипите.

Со цврста поддршка од нејзините родители, кои верувале во нејзиниот потенцијал од самиот почеток, таа постигнала успех и академски и уметнички.

Покрај успешното завршување на студиите по право, Ана Викторија се занимава и со сликарство - нејзините дела биле изложени на релевантни изложби, што дополнително ја докажува нејзината разноврсност.

Ана Викторија апочнала да студира право во 2019 година со јасна цел: да се бори за човековите права и да биде глас на оние кои често се запоставени. Нејзиниот успех не е само лично достигнување, туку и важна порака до општеството за способностите на лицата со попреченост. Ана Викторија со својот пример покажува дека посветеноста, поддршката и храброста можат да ги надминат дури и најтешките предизвици.

Нејзиното патување инспирира илјадници луѓе низ целиот свет и им дава надеж на бројни семејства кои се соочуваат со предрасуди. Денес, Ана Викторија не е само симбол на упорност, туку и конкретен доказ дека инклузивноста во образованието носи вистински, позитивни промени во општеството.

Извор: Novizivot.net