Бебето херој: Два дена по раѓањето, лекарите ја отпишаа, а погледнете ја една година подоцна (ФОТО)
Фото: Profimedia
Родена е на 5 мај, а два дена подоцна, лекарите ја отпишаа -
вели мајката на прекрасното
девојче.
Лили Греам е родена на 5 мај минатата година. Родена е со исклучително редок тумор Sacrococcygeal Teratoma, тежок цел килограм.
- Во 20-та недела од бременоста ми рекоа дека нешто не е во ред, но не знаеја што точно. Дознавме кога таа се роди. Веднаш штом се роди, имаше проблеми со дишењето. Лекарите тогаш го открија туморот - вели мајката на три деца, Ники Еткен (28).
- Бевме во целосен шок. Само два дена имаше кога отиде на операција која траеше девет часа. Потоа, таа остана во болницата шест недели. Лекарите ми рекоа дека нема многу надеж, но ние само што го прославивме нејзиниот прв роденден. Не знам дали и кога ќе почне да се развива и како ќе се одвива, но фактот дека го славиме првиот нејзин роденден е чудо - вели Ники.
- Прашање е дали и кога таа воопшто ќе може да ползи или да оди и да ги прави сите обични работи што ги прават децата. Нејзините здравствени проблеми нема само да исчезнат, ние сме свесни за тоа и таа ќе мора да го прифати тоа додека расте. Беше тешко, се‘ уште е тешко, но ние го прифативме тоа. Во такви ситуации, мора да се освести во одреден момент и да се потрудите да живеете од ден на ден. Тоа е она што го правиме во моментов. Кога ќе дојде повод како првиот роденден, сфаќате дека сè се исплати - вели мајката.
Moжеби ќе ве интересира:
Бебе родено без кожа - мистерија за докторите: Телото му било црвено, а вените видливи (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО)