Животна училница // Приказни
Бегство од Македонија: За 24 часа се "иселил" цел еден град
- 07 Јуни, 2025 10:38

Министерството за внатрешни работи на почетокот од продолжениот празничен викенд евидентира 11.495 македонски државјани кои преку „Богородица“ преминале во Грција.
На овој граничен премин за време од 10.00 часот од вчера, до 10.00 часот денес поминале вкупно 19.000 патници за Грција.
Гоце Андреевски информираше дека на граничниот премин Блацево последните 24 часа, односно од 10 часот вчера до 10 часот денес излегле 3.631 македонски државјани.