Беше позната по насмевката, ја отпеа „Ламбада“ а нејзиниот живот заврши стравично: Цел свет ја обожаваше оваа жена

Добивај вести на Viber

Со прилагодување на песната на Стиви Вондер „Another star“ на португалски јазик ги покажа своите вештини, а многу американски ѕвезди беа заинтересирани за нејзините аранжмани и композиции. Лоалва Браз Виеира беше бразилска пејачка на групата Каома, најпозната по планетарниот хит Ламбада, со која сите танцувавме кон крајот на 80-тите и раните 90-ти.

Браз е родена во близина на Рио де Жeнеиро во 1953 година во семејство на музичари - нејзиниот татко беше диригент, а нејзината мајка пијанистка. Таа започнала сериозно да се занимава со музика на 13-годишна возраст, па дури и кога била многу мала добила бројни национални признанија.

Нејзиниот талент се здоби со признание од бројни бразилски поп-уметници како Тима Меи, Емилија Сантијаго, Гала, Каетано Велоса и други кои беа нејзини соработници на снимките помеѓу 1975 и 1985 година.

View this post on Instagram

A post shared by Mayores de 50, y qué? (@mayores.de.50.y.que)


Во средината на 1980-тите, таа се преселила во Париз и настапила во многу земји низ светот. Во 1989 година, Бразилката ја пееше песната „Ламбада“ како вокал на групата Каома, која стана голем хит.

Интересно е што песната е компонирана од водачот на боливиската група „Лос Кјаркас“ и без негова согласност, групата „Каома“ започнала да ја користи песната. Имаше остар конфликт околу авторските права, а подоцна, со голема сума на пари што не и е позната на јавноста, беше постигнато „примирје“.

Браз компонираше и отпеа две песни за филмот „Le Roi Desperados“, а песните како „Таго Маго“, „Данчандо Ламбада“, „Мелоди Д’Амур“ ја одбележаа нејзината кариера. Со адаптирање на песната „Anoter Star“ на Стив Вондер на португалски јазик, таа ги покажа своите вештини и многу американски ѕвезди беа заинтересирани за нејзините аранжмани и композиции.

Таа беше член на Француската академија и беше одликувана со престижниот сребрен медал „Prix Thorlet“.

Нејзиниот живот заврши трагично на 19 јануари 2017 година, кога нејзиното тело беше пронајдено во изгорен автомобил во градот Санкварема. Според полицијата, двајца мажи упаднале во хотелот во кој живеела и ја ставиле во автомобил, кој потоа бил запален. Според полициската истрага, таа била убиена од еден нејзин вработен.

Извор: еспресо.рс