Беше застрашувачко и непријатно: Поранешната избраничка на принцот Хари откри детали за нивната врска која не заврши славно
фото:PROFIMEDIA
Убавата Челси Дејви не успеа да се справи со медиумите и предизвиците...
Поранешната девојка на принцот Хари, Челси Дејви, искрено зборуваше за врската која не заврши славно.
Таа не можеше да се справи со медиумското изложување и папараците на секој чекор, пишуваат медиумите.

"Да, беше тешко. Беше премногу, застрашувачко и непријатно. Ми беше многу тешко и ситуацијата беше лоша. Не можев да се справам со тоа. Бев млада, сакав да бидам и обичен човек тоа беше ужасно“, рече таа мислејќи на медиумскиот притисок.
Нивната врска интензивно ја покриваа сите светски медиуми. Таблоидите постојано ја прашуваа за нејзината врска со Хари, па дури и ја следеа на ноќни излегувања. Фотографиите на кои излегуваше од клубот со пријателите завршија во весниците, што претставуваше огромен стрес за неа.
"Сакам да уживам во животот, но и да постигнам нешто затоа што сум многу амбициозна. знаете, тие не ве фотографираат кога одите на работа секое утро, само кога излегувате навечер, па изгледа дека само се забавувате “, изјави Челси.
Двојката раскина во 2011 година кога Челси одлучи дека таквиот живот не е за неа, но тие останаа пријатели по крајот на врската. Таа исто така беше на венчавката на принцот Хари и Меган Маркл.
извор:GLOSSY