Животна училница // Приказни
Без лимузина, со срце и коњ: Битолската матурантка што сите ја запамтија

Битола деновиве зборува само за една девојка – матурантка од едно битолско средно училиште која предизвика вистинска сензација пристигнувајќи на прославата на матурата не со автомобил, туку... на коњ!
Необичниот влез веднаш стана вирален на социјалните мрежи, а фотографијата од храбрата млада дама, гордо седната на коњот, се споделува со стотици коментари: „Издоминира!“, „Ова се вика стил!“ и „Ова не се гледа секој ден!“
Она што дополнително ја одбележа сцената беше македонското знаме со Кутлеш – развеано на сите страни, симболично и гордо истакнато околу неа. Присутните коментираа дека сликата изгледала како сцена од историски филм, а самата матурантка се претставила не само со стил и храброст, туку и со јасна порака за љубов и почит кон својата татковина.
Многумина се прашуваат – дали оваа млада Битолчанка е матурантка на годината? Со сигурност, таа е кандидатка број еден кога станува збор за оригиналност, став и порака. Нејзиниот влез ја надмина обичната мода – таа стана симбол на младешки бунт, традиција и патриотизам, спакувани во една моќна слика.